ПРАГА
http://www.cchp.cz/en/home-page/
01.04.2010 СКОПЈЕ-ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 12.45ч. Полетување за Прага во
14:10 ч.(ОК847) Пристигнување во Прага. Трансфер до хотелот. Слободно попладне. Ноќевање.
02.04.2010 ПРАГА
Појадок. По појадокот ,панорамски разглед на градот со локален водич: Старо место, Карловиот
мост, плоштадот на Малтешките витези споменикот на Карло IV Кралскиот пат, Старомајскиот
плоштад со Астрономскиот часовник-Орлој, Тунската црква споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Карло IV,Националниот музеј, Горниот град, Катедралата Св.Бито... Слободно попладне. Вовечерта-факултативно вечера во национален ресторан-Пивница. Ноќевање.
03.04.2010 ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари-најпознат бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културна елита во 19 век. Можност за посета на еден од 19 извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото Мосер како и ликерот Бечеровка. Попладнето враќање во Прага. Ноќевање.
04.04.2010 ПРАГА-КАРЛШТАЈН
Појадок. По појадокот слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативен излет до дворецот Карлштајн- некогашна резиденција на Карло IV изграден во 14 век. Вечерта
факултативно,kрстарење со брод пореката Влтава. Ноќевање.
05.04.2010 ПРАГА-СКОПЈЕ
Појадок.Трансфер до аеродромот во Прага лет за Скопје во 11.30ч(ОК 846). Пристигнување
во Скопје во 13:25 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 19.900,00 МКД
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
-Авионски превоз Скопје-Прага-Скопје
-Трансфер,аеродром-хотел-аеродром
-сместување во хотел Clarion Congress Hotel 4**** набаза 4 Н/П
-разглед на Прага со локален водич;
-организација и придружник на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: -аеродромски такси (5.420,00 мкд)
-Карлови Вари(2.170,00)
-Карлштајн (1850,00)
-крстарење по Влтава 1.200,00 ден
-Факултативно- вечера во национален ресторан Пивница
-Патничко осигурување и посредување за Чешка виза
НАПОМЕНИ:
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
За резервација потребна е уплата од 30% од вредноста на аранжманот.За реализација на програмот потребен е минимум од 30 патници.Во случај на промена на цената на авио превозоторганизаторот ке ја корегира ценатана аранжманот.За патувањето важат Општите услови за патување на Т.А.МАГЕЛАН и СКТМ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА:Важечки пасош минимум 3 мес.1 фотографија,потврдаза редовен работен однос, фотокопија од здравстевена легитимација,фотокопии од други Шенген и Чешки визи.