05.03.2010 СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин во 10:30 часот. Поаѓање за Виена во 11:00ч. Патувањето води од Македонија преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
06.03.2010 ВИЕНА
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Заминување на панорамски разглед на градот: разглед на Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската Собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, Универзитетот, Маријатерезианплац, Виенската Опера, Дворецот Белведере... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
07.03.2010 ВИЕНА
Појaдок. Слободен ден или можност за полудневна факултативна посета на барокната Палата Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, кој бил роден во истата, во 1830г. Шенбрун Палатата е една од најпознатите културно историски споменици во Австрија, заедно со паркот и градините е најголема туристичка атракција во Виена. Во Декември 1996 е заштитена од УНЕСКО како дел од Светското Културно Наследство. Од вкупно 1141 соби само 40 се отворени за јавноста. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
08.03.2010 ВИЕНА -БУДИМПЕШТА
Појадок.По појадокот заминување за Будимпешта. Пристигнување во Будимпешта околу пладне. Панорамски разглед на градот со локален водич- Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Парламентот, Црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската Палата, црквата Св. Матејас, Рибарската Тврдина... Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта факултативно крстарење со брод по Дунав. Поаѓање за Скопје. Ноќно возење.
09.03.2010 БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 9.800,00 МКД
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на релација: Скопје - Виена - Будимпешта - Скопје
- Сместување во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Виена и Будимпешта
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Летната резиденција Шенбрун со локален водич и вклучена влезница 20€
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- шенген виза и патничко осигурување 2.400мкд
-крстарење со брод по Дунав (15еур)
- Патничко осигурување 200мкд
НАПОМЕНИ:
-краен рок за пријвување за виза 22.02.2010
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ