КРУШЕВО
Градот на македонскиот непокор, првата Република на Балканот, зимска бајка или летен сон, секогаш, во секое време од годината Крушево Ве кани да ја почувствувате неговата магија, да ги посетите неговите убавини: црквата Свети Никола, Влашката црква, Македониумот, Мечкин Камен.., да го пробате најубавиот Крушевски локум, да ги посетите старите меани...
Градот кој е опеан во многу народни песни, градот во кој се родени многу јунаци Македонци, ја добил неговата денешна форма со доаѓањето на Власите од Москополе и Мијаците од околината, во текот на 18. век. Заедно со Власите во Крушево дошле и поголем број православни Албанци, кои во текот на историјата се повлашиле.
Поради специфичната морфопластика, Крушево се смета за типично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1250 метри, па затоа се смета за највисокото гратче на Балканскиот Полуостров...
Повелете во Крушево, градот-музеј Ве очекува...
Вила Ла Кола
Сместена во срцето на Крушево, во близина на црквата Св. Јован, позната по иконостасот во длабокорез. Вилата располага со 3/2 соби опремени со кабловска ТВ, безжичен интернет, тоалет, мини-бар, и тераса.
2 четворокреветни (1/2+2) и 4 петокреветни (1/2+1+2) апартмани опремени со кабловска ТВ, безжичен интернет, ДВД, тоалет, комплетно опремена кујна, две одвоени соби ,тераса и заедничка просоторија
|
ВИЛА"ЛА КОЛА"
|
наем од ден
|
|
апартмани 1/4
|
1.800,00 мкд.
|
|
1/2 соба
|
1.000,00 мкд.
|
Вила Фросина
Располага со 2 апартмани и 1 соба.Апартман 1 располага со дневна соба, (1тросед на пуштање + кревет) спална со француски лежај, тоалет кабловска ТВ и заедничка кујна со другата соба.
Соба 1 располага со 2 дупли кревети ,споствен тоалет ,кабловска ТВ и заедничка кујна со апартман 1.
Апартман 2 располага со 2 дупли кревети ,тоалет,сопствена кујна,кабловска ТВ.
|
ВИЛА "ФРОСИНА"
|
наем по соба
|
|
Соба Б категорија
|
1.000,00 мкд.
|
НАПОМЕНИ:
-Резервација со 30% од вредноста на аранжманот;
-Цените се дадени за наем по ден на соба / апартман;
-во вила Фросина, деца до 6 год. бесплатно;
-Во цената не е вклучена боравишна такса во износ од 40,00ден на ден по лице;
-Автобуски превоз до Крушево-повратен биллет:
-возрасни 600 мкд; деца до 2 год. бесплатно;
-еден правец 450 мкд;
-организиран превоз секој ден од Скопје во 07:45 и 16:45ч. и од
Крушево во 05:30 и 15:00ч.