БУДИМПЕШТА-ПРАГА-ВИЕНА
термини: 01.04 и 20.05.2010
1. Ден СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 18.00часот. Тргнување во 18.30ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2. Ден БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Сместување во хотел. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, Улиците-Ваци, Андраши, Ракоци, Парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина. Вечерта-факултативно, крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.
3. Ден БУДИМПЕШТА-ПРАГА
Појадок. По појадокот (рано) тргнување за Прага. Пристигнување предпладне. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо Место, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник-Орлој, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Унивезитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот Град, Катедралата Св. Вито. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта-факултативно, крстарење по В'лтава. Ноќевање.
4. Ден ПРАГА (КАРЛОВИ ВАРИ)
Појадок. По појадокот факултативно-излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културна елита од 19. век. Можност за посета на еден од 12те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Враќање во Прага во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5. Ден ПРАГА-ВИЕНА-СКОПЈЕ
Појадок. Тргнување за Виена. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на современата уметност, Градската палата, Универзитетот, Палатата Белведере, црквата Вотив, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје, во попладневните часови. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.500,00 мкд.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- - Автобуски превоз на наведената релација;
- - Сместување во хотел со 3* на база 1 Н/П во Будимпешта;2 Н/П во Прага;
- - Разглед на Будимпешта и Прага со стручен локален водич;
- - Разглед на Виена со водич;
- - Организација и придружник-пратител на групата за време на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- - Унгарска виза и патничко-здравствено осгурување 2.500мкд.;
- - Крстарење со брод по Дунав 930мкд.;
- - Крстарење со брод по В'лтава со вклучена вечера 1.240мкд.;
- - Излет до Карлови Вари 2.170мкд.;
- - Влезници за локалитетите;
- - Други факултативни посети кои не се пишани во програмата.
НАПОМЕНИ:
-Kраен рок за пријавување:
-Калкулацијата е правена на минимум 40 патници во автобус;
Организаторот на патувањето има право во случај на промена на цената на превозот, да ја промени цената за аранжманот, како и во случај на недоволен врој на пријавени патници да го откаже патувањето, краен-последен рок за откажување на аранжманот од страна на организаторот е една недела пред тргнување;
Важат Општите услови за патување на T.A.Magelan i СKTM