10.03.2010
Велигден- Виена и Будимпешта
ВИЕНА - БУДИМПЕШТА
Термини: 01.04.2010 / 20.05.2010
1 ден СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин во 10:30 часот. Поаѓање за Виена во 11:00ч. Патувањето води од Македонија преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
2 ден ВИЕНА
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Заминување на панорамски разглед на градот: разглед на Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската Собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, Универзитетот, Маријатерезианплац, Виенската Опера, Дворецот Белведере... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден ВИЕНА
Појадок. Слободен ден или можност за полудневна факултативна посета на барокната Палата Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, кој бил роден во истата, во 1830г. Шенбрун Палатата е една од најпознатите културно историски споменици во Австрија, заедно со паркот и градините е најголема туристичка атракција во Виена. Во Декември 1996 е заштитена од УНЕСКО како дел од Светското Културно Наследство. Од вкупно 1141 соби само 40 се отворени за јавноста. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден ВИЕНА -БУДИМПЕШТА
Појадок.По појадокот заминување за Будимпешта. Пристигнување во Будимпешта околу пладне. Панорамски разглед на градот со локален водич- Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Парламентот, Црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската Палата, црквата Св. Матејас, Рибарската Тврдина... Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта факултативно крстарење со брод по Дунав. Поаѓање за Скопје. Ноќно возење.
5 ден БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА: 10.400,00 МКД
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на релација: Скопје - Виена - Будимпешта - Скопје
- Сместување во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Виена и Будимпешта
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Летната резиденција Шенбрун со локален водич и вклучена влезница (25 еур)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- шенген виза и патничко осигурување 2.400мкд
-крстарење со брод по Дунав (15еур)
- Патничко осигурување 200 мкд.
НАПОМЕНИ:
-Лиценца А
-краен рок за пријвување за виза:
-резервација со аконтација од 30%
-За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
-За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Магелан и СКТМ
Назад