Будимпешта - автобус - 8-ми Декември 16.08.2011



 

 


Убавица на Дунав - БУДИМПЕШТА

 

 

 

 

автобус / 4 дена / 2 ноќевања


 

 

07 Декември (четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 


08 Декември (петок) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови, потоа факултативно вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

 


09 Декември (сабота) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАРНДОРФ - БУДИМПЕШТА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на Виена: панорамско разгледување на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата „Вотив“, зимскиот дворец Хофбург. Слободно време. На враќање, посета на шопинг-центарот Парндорф. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.

 


10 Декември (недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

 

 

Цена на аранжманот:

99€ (6.140,00 денари)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

  • Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

  • Разглед на Будимпешта со локален водич

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Вечера во ресторан – чарда 25 евра

  • Крстарење со брод по Дунав 15 евра

  • Посета на Виена и Парндорф 35 евра (минимум 30 патници)

  • Посета на Сент Андреа 10 евра

  • Влезници за музеите и културно-историските споменици.

  • Патничко-здравствено осигурување 200 мкд.

  • Доплата за еднокреветна соба


Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

За овој програм важат Општите услови на патување на Магелан Травел Сервис и СКТМ.

 

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

Општи напомени за патување:

Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.