10.03.2010
Велигден на КРФ
КРФ
1 ден 01 април 2010 СКОПЈЕ-КРФ Четврток
Поаѓање од Скопје во 19.00 часот пред х. Holiday Inn. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
2 ден 02.април 2010 КРФ Петок
Пристигнување во Игуменица. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во претпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време до 16ч. Потоа се посетуваат познатиот локалитет и видиковец Канони, Глувчевото острово. Се поаѓа према центарот на градот,каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св.Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено со хорска музика, блех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе-симбол на островот. Сето тоа трае до 21 часот, каде се следи несекојдневната процесија-оплакувањето на Христос. Враќање во хотел.Ноќевање.
3 ден 03.април 2010 КРФ Сабота
Појадок. Предпладне започнува процесијата: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот(Крф) - Св.Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка,околу 11 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Заминување кон фабриката за пијалоци и слатко од овошјето КУМ-КОАТ, кое расте единствено на островот. Враќање во хотел. Слободно попладне. Околу 21 часот,се поаѓа према градот, каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се очекува величествениот миг- ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ.
Враќање во хотел (по договор). Ноќевање.
4 ден 04 април 2010 КРФ Недела
Појадок. ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН- ден на радоста. По улиците е живо и весело, се јаде и пие и она неизбежното- се кршат јајца. Во предпладневните часови посета на палатата на австро-унгарската принцеза Елизабета позната како Сиси- АХИЛЕОН. После разгледот на палатата враќање во центарот на Крф. Време предвидено за слободни активности. Враќање во хотел (по договор). Ноќевање.
5 ден 05 април 2010 КРФ-СКОПЈЕ - Понеделник
Појадок. Втор ден Велигден. Околу пладне поаѓање со брод за Игуменица, а потоа продолжување со автобус за Скопје, со попатни одмори и посета на градот Јанина и музејот на восочни фигури.
Враќање за Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.060 ден.
Цената вклучува:
- - превоз со модерен туристички автобус према програмата;
- - превоз со брод на релација Игуменица-Крф-Игуменица;
- - 3 ноќевања со појадок во хотел со 3***на Крф;
- - посета на наведените локалитети према програмата;
- - организација,подготовка и водство на аранжманот;
- - деца до 6 год. - плаќаaт 50% од цената;
- - деца од 6-12 год. -плаќаат 80% од цената;
Цената не вклучува:
- - влезница во Ахилеон-Мадам Сиси;
- - влезница во музејот на восочни фигури во Јанина;
- - се што не е наведено во програмата;
- - патничко осигурување - 190 денари;
НАПОМЕНИ:
КРАЕН РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 25 МАРТ 2010
За реализација на програмот потребен е минимум 40 патници.
За овој програм важат општите услови за патување на Т.А. МАГЕЛАН и СКТМ
Назад