БЕРОВО
Берово е мало планинско гратче во источниот дел на Република Македонија, широко распослано во Беровската котлина, потоната сред венецот од благи планински сртови кои припаѓаат на масивот Малешевски Планини, на надморска височина од 845 м. Овде природата со мајчинска несебичност го дарувала секој свој сегмент. Глетка како од сказна, бескрајно зеленило, беспрекорно чиста околина и богатсво од водни ресурси, од кои е создадено и вештачкото акумулационо Беровско Езеро, кое, сместено во раскошниот природен амбиент, за многумина кои прв пат се среќаваат со него како да е дел од божјите дарови, а не артефакт. И токму сред оваа божествена убавина, на излезот од градот Берово (на патот кој води кон езерото), е сместен хотелскиот комплекс "Манастир".Тој се одликува со традиционална манастирска архитектура, налик на манастирот Св. Архангел Михаил, до кој и се наоѓа, а од кој што е и добиена инспирацијата за неговиот изглед, воглавно поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши вонвременската убавина, при тоа постигнувајќи се беспрекорна хармонија.
Веќе споменатата местоположба и повеќе од пријатниот амбиент, кој е симбиоза на традиција и модерен комфор, (за задоволство и на најпребирливите), овозможуваат сигурен вистински одмор, релаксација, рекреација и уживање, кои се особено драгоцени по исцрпувачкото темпо на секојдневниот живот. Природата со својата егзотичност и убавина, со буковите, борови и дабови шуми, пространите ливади, бистрите извори и потоци, се погрижила да остави незаборавен впечаток и кај оние кои преферираат мирни прошетки низ неа, а и кај оние кои бараат авантури и предизвици. Обележаните велосипедски и трим патеки, се наоѓаат насекаде проткајувајќи ја целата планинска околина. Хотелот 'Манастир" е одличен избор и за оние на кои едноставно им е потребен само одмор или можеби рехабилитација. Зеленилото, свежиот воздух, високиот степен на концентрација на кислород во воздухот (највисок во Македонија), со сигурност многу ќе им помогнат ним, но и на тие кои ќе дојдат во работна посета (семинари, деловни состаноци, работилници, работни средби), бидејќи сите знаеме дека многу поинаку се размислува во вакви услови. Овде и поклониците на риболовот ке можат да си ја задоволат својата пасија, бидејки езерото располага со клен, крап, пастрмка, белвица и караш. А пак љубителите на планинарењето ги очекуваат Малешевските планини, на места загадочни и таинствени, а почесто питоми и блиски, но подеднакво убави во сите годишни времиња.
Во 'Манастир" можете да дојдете и да го усовршите својот работен тим, да ги подобрите и да ги зацврстите меѓучовечките односи меѓу запослените и соработниците и добро да се забавувате.
Ако ви е здодеана бучавата, загадениот воздух, ако сакате чиста животна средина далеку од фабричките оџаци, силните електро магнетни зрачења на градот, дојдете и земете дел од нашиот неисцрпен мир и спокој, бидете дел од екотуризмот!
ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИТЕ ВО ХОТЕЛ "МАНАСТИР"-БЕРОВО
|
ВИД НА СОБА / АПАРТМАН
|
1
ЛИЦА
|
2
ЛИЦА
|
3
ЛИЦА
|
4
ЛИЦА
|
5
ЛИЦА
|
ВТОРО ДЕТЕод 0-5 г.
|
Деца од
6-12 г.
|
|
Двокреветна со двоен лежај
|
1.236
|
1.854
|
/
|
/
|
/
|
/
|
495/741
|
|
Двокреветна со два единечни лежаи
|
1.545
|
2.163
|
/
|
/
|
/
|
370
|
495
|
|
Двокреветна со 1 двоен и 1 единечен лежај
|
1.545
|
2.163
|
2.781
|
/
|
/
|
370
|
495
|
|
Трокреветна со 1 двојни и 2 единечен лежај
|
1.854
|
2.472
|
3.090
|
3.708
|
4.326
|
370
|
495
|
|
Класичен апартман
|
1.854
|
2.472
|
2.781
|
3.090
|
/
|
370
|
495
|
|
Двособен апартман - 1
|
2.163
|
2.781
|
3.399
|
3.708
|
/
|
370
|
495
|
|
Двособен апартман - 2
|
2.472
|
3.399
|
4.017
|
4.635
|
/
|
370
|
495
|
|
ВИП соба 1
|
2.472
|
3.708
|
4.326
|
|
|
|
|
|
ВИП соба 2
|
2.781
|
4.017
|
4.635
|
4.944
|
|
|
|
|
Де лукс апартман
|
3.090
|
4.326
|
4.635
|
4.944
|
/
|
247
|
309/495
|
|
www.hotelmanastir.com.mk
Наведените цени се за ноќевање со појадок. Во наведената цени за престој во ВИП собите влегува и користење на СПА удопства: сауна и џакузи
|
|
|
|
Собите се на располагање од 14:оо часот(на денот на пристигнувањето) и до 12:оо часот (на денот на заминувањето).
|
|
|
|
Работно време на ресторантот е од 06.оо до 24:оо Работно време на рецепцијата е 24 часа.
|
|
|
|
Доплата за полупансион: по лице..................................... 6 € за деца од 0-5 години ...............бесплатно за деца од 6-12 години .............3 €
|
|
|
|
Доплата за пансион: по лице....................................... 10 € за деца од 0-5 години ...............бесплатно за деца од 6-12 години ............. 5 €
|