АТИНА
Термини на поаѓање: 01.04 / 20.05.2010
1 ден СКОПЈЕ-АТИНА
Состанок на групата на паркингот пред Holiday Inn во 18:30ч. Поаѓање за Атина во 19:00ч. Се патува преку граничниот премин Богородица-Евзони. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ден АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Ќе се посетат: Плоштадите Омонија Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот стадион, Храмот на Зевс, Адријановата порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ден АТИНА
Појадок. По појадокот предвидена е посета на пристанишното место-Пиреј, Сунион-најјужниот рт на Медитеранот од каде што може да се види Храмот на Посејдон и да го доживеете прекрасното заоѓање на Сонцето. На враќање предвидена е посета на монденското место Глифада. Вечерта, факултативно вечера во таверна со музика и богата уметничка програма. Ноќевање.
4 ден АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиотканал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, Микена, Античкиот град и гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден АТИНА-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот слободно време до поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 10.400,00 МКД
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
-автобуски превоз на наведената релација
-сместување во хотел 3* на база на 3 Н/П
- разглед на Атина со локален водич
-разглед на Пиреј и Сунион
-организација на аранжманот и пратител на групата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
-грчка групна виза и осигурување 930 ден.
-факултативна посета на Пелопонез ( 25 € )
-вечера во таверна ( € )
-доплата за 1/1 соба
-влезници за локалитетите
-други факултативни посети
НАПОМЕНИ:
Краен рок за пријавување: 26.03 и 14.05.2010
За резервација потребна е уплата од 30%од вредноста на аранжманот.
За реализација на програмот,потребен е минимум од 40 патници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН и СКТМ