Грузија - Авион 18.10.2010




 

 

 

ГРУЗИЈА

 

 

Авион - 7 ноќевања / 8 дена

 

 

Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот. Токму од Јафет според легендите настанале денешните Европејци. Грузија зафаќа територија на планинските венци на Кавказ и на јушните Кавкаски низини. Има единствена природна убавина проткаена со планинки венци, непрегледни долони и лозја. Грузија е границата помеѓу Европа и Азија. Целата територија помеѓу Црното море, Азовското море и Каспијското езеро претставува една лингвистичка и културолошка целина. Патувањето низ Грузија е патување низ историјата, културата, митологијата и прекрасните мистични предели.

 

 

 

1 ден Сабота Скопје – Солун - Кутаиси

Лет од Солун до Кутаиси со WizzAir во 07:20 часот (по локално време). Пристигнување во Кутаиси во 11.50 часот (по локално време). На аеродром ве пречекува претставник од агенцијата партнер каде ќе се одржи мал состанок и запознавање. Трансфер до хотел. Сместување и кратка пауза пред заминување на екскурзија – посета на манастирите во Гелати и Баграти. Ќе се посети Баграти Катедралата, изградена во 11век, именувана по Кралот Баграт III, првиот крал на самостојна Грузија. Гелати, ремек делото на Грузиската златна доба било формирано во 1106 од Крал Давид IV, заштитено како светско културно наследство на УНЕСКО. Слободно време во Кутаиси. Ноќевање.

 

 

 

2 ден Недела Кутаиси –Мартвили - Прометеј - Окаце

Појадок во хотел. Заминување кон кањонот Мартвили. Областа Мартвили е едно од најубавите места во Грузија – комбинација од уникатна природа и историски споменици. Тоа е место со многу водопади и небесно плава вода. Потоа се заминува на екскурзија до Пештерата Прометеј – една од природните чуда на Грузија, пронајдена во 1984 година. Втората по големина пештера во светот, со убавите форми на сталактити и сталагмитии скаменети водопади привлекува голем број на туристи. Потоа го посетуваме кањонот Окаце кој е во близина на селото Горди, 42 километри од Кутаиси. Должната на кањонот е 16 километри, ширината е од 10 до 15 метри, а длабочината е 50 метри. По должината на кањонот има многу водопади најголемиот е со висина од 70 метри. Враќање во Кутаиси.Ноќевање.


3 ден Понеделник Кутаиси - Акхалтсиќе - Борјоми

Појадок во хотел. Заминување за манастирот Моцамета. Овој комплекс е изграден некаде пред осмиот век. Моцамета привлекува многу туристи со своите антички суеверија: Доколку некој помине три пати под сводот и замисли желба допирајќи ги светите камења, желбата ќе му се исполни. Потоа заминување за Борјоми. Панорамски разглед на градот. Сместување во хотел. Ноќевање.


4 ден Вторник Борјоми - Варџија - Тбилиси

Појадок во хотел. Заминување до Варџија (219 км. околу 3 часа и 30 мин.). Посета на комплексот пештерски манастири (XII век) во Јужна Грузија – Јавакети (неколку катен комплекс на манастири со улици, тунели, скали, храмови, тврдини, бањи, библиотеки, резиденции и др.). Заминување од Варџија до градот Акалциќе. Овој град е спомнат прв пат во историските списи во седмиот век, но главната туристичка атракција на градот е величествената тврдина Рабат. Го посетуваме Зелениот манастир – луѓето го нарекуваат Зелениот манастир бидејќи сите дрвја во долината се со посебна зелена боја исто така и камењата од кои е изграден комплексот се зелени од кои некои се посветли, а некои се потемни. Заминување за Тбилиси. Ноќевање.

 

 

5 ден Среда Мчкета – Тбилиси

Појадок. Екскурзија до древниот град М`чкета (околу 30мин). Запознавање со главната туристучка атракција, која е и место за аџилак, еден од најстарите и најважни храмови – Катедралата Светишковели (11век), античкиот живописен манастир Жвари (6век)и женскиот манастир Самтавро (11 век). Враќање во Тбилиси. Разглед на Тбилиси: Катедралата на Светото Тројство, историскиот дел на градот, храмот Метеки од 13век, искачување со жичарата до тврдината Нарикала од 4 век, прошетка во паркот Рајс преку мостот на мирот, посета на стариот град и сулфурните бањи, посета на познатата Шардин улица именувана по Францускиот Мисионер. Тура со кола по главната авенија на градот- плоштадите Руставели и Слобода. Патување со жичара до планината Мтцминда, можност да се ужива во прекрасната панорамска глетка на Тбилиси. Ноќевање.



6 ден Четврток Какети – Бодбе - Сигнаги - Некреси

Појадок. Посета на вински регион – Какети, со попатно застанување во традицонална селска куќа, каде што домаќините пред ваши очи ќе испечат домашен леб, ќе дегустирате традиционални грузиски сирења со познатата грузиска ракија – ЧАЧА. Екскурзија до градот на љубовта – Сигнаги. Посета на Бодбе – манастирски комплекс каде што е погребан Св.Нино, кој е заслужен за ширењето на Христијанството во Грузија. Заминување во градот Сигнаги, кој се нарекува градот на Љубовта (45 км. околу 45 мин.). Од градот Сигнаги ќе уживате во прекрасниот поглед на целата долина на реката Алазани и планините Кавказ. Потоа го посетуваме манастирот Некрези, архитектонски монумент од четвртиот век од каде се пружа прекрасен поглед на целата долина Алазани. Потоа одиме до тунелот Кварели, каде ќе дегустираме неколку сорти на вино и каде ќе ја научиме грузијската технологија за изработка на вино.Ноќевање.

 

 

7 ден Петок Kакети – Кутаиси

Појадок. Следна дестинација е најголемиот храм на средовековна Грузија во областа Какети – Катедралата Алаверди (Свети Ѓорѓи) и манастирскиот комплекс. Катедралата е изградена во единаесетти век и е обновувана во 15-ти и 18-ти век. Потоа го посетуваме селото Цинандали. Ова село во областа Какети во 19-ти век припаѓало на познатиот аристократски поет Александар Чавчавадзе (1786 - 1846). Трансфер до Кутаиси. Ноќевање во хотел.

 

 

8 ден Сабота Кутаиси - Солун

Трансфер до аеродром во 03:00часот. Полетување од Кутаиси во 06:00часот (по локално време). Пристигнување во Солун во 06:50 часот ( по локално време).

 

 

 

 

Цена на аранжманот по лице:

- за 2-3 лица: од 920 евра (57.040,00 мкд)

- за 4-6 лица: од 750 евра (46.500,00мкд)

- за 7 и повеќе лица: од 650евра (40.300,00мкд)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организирани трансфери и транспотрт според програмата

  • Сместување во хотели според програмата:

- 3 ноќевања во Кутаиси

- 1 ноќевањ во Борјоми

- 2 ноќевања во Тбилиси

- 1 ноќевање во Какети

  • Појадок според програмата.

  • Организирана посета на месата наведени во програмата

  • Влезници во музеи и други туристички атракции според програмата

  • Дегустации наведени во програмата


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Солун-Кутаиси-Солун со WizzAir

  • Трансфер Скопје-Солун-Скопје

  • Патничко осигуриување

  • Доплата за еднокреветна соба

  • Виза 20 евра ( потребно е копија од пасош и една фотографија на бела позадина )


Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 2 особи.

Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвреднос по курс 1 евро = 62,00 мкд

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош. Комплетна уплата најдоца 14 дена пред опоаѓање.

Агенцијата го задржува правото на промена на цената, како и на хотелите за сместување, доколку бројот на патници е поголем или помал од минималниот.

***Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршување на патувањето***



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.