ПРАГА
4 Дена / 3 ноќевања / Авион
04 Март (Четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:45 часот. Полетување за Прага со лет
ОК 847 во 14:15 часот. Пристигнување во Прага во 16:15 часот и трансфер до хотел. Попладневна прошетка низ центарот на Прага со метро. Вечерта, факултативно - вечера во национален ресторан - чешка пивница.Ноќевање.
05 Март (Петок) ПРАГА
Појадок. Разглед на градот: Старо Место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица. Ноќевање.
06 Март (Сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативна посета на Карлови Вари - најпозната бања во Европа во која престојувале многу европски владетели, врвни сликари, поети. Можност за прошетка по променадата со 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Враќање во Прага во попладневните часови. Ноќевање.
07 Март (Недела) ПРАГА - СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Прага. Лет за Скопје со лет ОК 846 во 11:30 часот. Пристигнување во Скопје во 13:25.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Хотел BELVEDERE **** 17.900 денари
Цената вклучува:
-Авио превоз Скопје-Прага-Скопје
-Трансфер аеродром -хотел- аеродром
-3 ноќевања со појадок во хотел БЕЛВЕДЕРЕ ****
-Организиран разглед на Прага
-Професионална организација и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
-Чешка виза и патничко осигурување 2.500 денари
-Аеродромски такси 4.000 денари
-Факултативен излет до Карлови Вари 2.500 денари
-Влезници за музеите и културно - историските споменици
НАПОМЕНИ: КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 12.02.2010
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
-За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.МАГЕЛАН ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ
Потребни документи за виза: Пасош кој важи најмалку 6 месеци од денот на завршување на патувањето и 1 фотографија на бела позадина (3,5 х 4,5 цм), потврда за редовен работен однос, М1/М2 образец, доколку има, фотокопија од важечки шенген или стари чешки визи.