РИМ - ВЕНЕЦИЈА
1 ден 06.03.2010 СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ-РИМ
Состанок на групата во 13.30ч. Поаѓање во 14:00 ч. Патувањето е преку Албанија-Драч.Пристигнување во Драч. Слободно време до поаѓање за Бари со брод во 22.00 ч.Ноќно возење со брод.
2 ден 07.03.2010 БАРИ - РИМ
Во утринските часови пристигнување во Бари.Краток одмор.Продолжување на патувањето за Рим.разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката,Олтарот на мирот,плоштадот Венеција,Римскиот форум,Виа Дел Корсо,Фонтана Ди Треви,Виа Венето, мостовите Тибар,црквата Св.Петар,Колосеумот... Сместување во хотел.Ноќевање.
3 ден 08.03.2010 РИМ -ВАТИКАН
Појадок.Факултативна посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
4 ден 09.03.2010 РИМ - ФИРЕНЦА
Појадок.Поаѓање за Фиренца.Пристигнување во Фиренца во пладневните часови и разглед на градот со локален водич: Плоштадот Сињори, Крстилницата Сан Џовани, Мостот Делвекио Палатата,Базиликата Дуомо...Слободно време до поаѓање за Лидо Ди Јесоло во попладневните часови.Пристигнување во Лидо Ди Јесоло во доцните вечерни часови.Сместување во хотел.Ноќевање.
5 ден 10.03.2010 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање за Венеција со брод.Пристигнување и разглед на градото со локален водич: Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде...Во попладневните часови поаѓање за македонија.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.
6 ден 11.03.2010 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 14.900,00мкд.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
-Сместување во хотел во Рим 3* на база 2 Н/П во Рим, 1 Н/П во Лидо Ди Јесоло
-Разглед на Рим,Фиренца и Венеција
-Пратител на групата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Италијанска Шенген виза И патничко осигурување 3.050,00 мкд
-Факултативна посета на Ватикан ( )
-Брод Лидо Ди Јесоло-Венеција 8 €
-Влезници за локалитетите
НАПОМЕНА:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Важат општите услови за патување на Т.А.Магелан и СКТМ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИТАЛИЈАНСКА ВИЗА:
- - Пасош со важност од мин. 3 месеци и фотокопија од првите две страни;
- - Две колор слики со бела позадина не постари од 6 месеци;
- - М1/М2 образец,работна книшка и фотокопија од истите;
- - Потврда од работа на меморандум со следниве податоци:
а/ лицето да е во редовен работен однос;
б/ на кое работно место работи;
в/ висина на личен доход;
г/ период во кој лицето ке одсуствува од работа
- - Вработени во приватна фирма: документ за регистрација на фермата, и фотокопија од истите ( биланси, фактури, даночни плаќања, приходи...)
- - Здравствена легитимација и фотокопија од истата;
- - Плав картон;
- - Кредитна картичка и фотокопија со извештај со колку средства располага (минимум 50 евра дневно)
- - Фотокопија од предходна шенген виза
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИТАЛИЈАНСКА ВИЗА ЗА СТУДЕНТИ:
- - Пасош со важност мин. 3 месеци и фотокопија од првите две страници;
- - Две колор слики со бела позадина не постара од 6 месеци;
- - Потврда од факултет со заверен семестар;
- - Индекс и фотокопија од индексот;
- - Плав картон;
- - Документи за редовен работен однос на родителите, а вработени во приватна фирма-документи од истата (регистрација на фирма).