ИСТАНБУЛ
Термини на поаѓање: 20.05.2010
1 ден СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти х.Holiday Inn во 17:00ч. Поаѓање за Истанбул во 17:30ч. Се патува преку Р.Грција, граничен премин Богородица-Кавала-Ксанти-Комотини-Александрополис. Ноќно возење со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.
2 ден ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул. Сместување во хотел. Подоцна, панорамски разглед на градот:Римскиот аквадукт ,Таксим, Аксарај, Бајазитовата Џамија, Универзитетот, Капали чаршија, Хиподромот, Сината Џамија, Света Софија, Топкапи музејот.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
3 ден ИСТАНБУЛ
Појадок. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај-последната резиденција на Отоманскиот Султан која содржи Музејска збирка со непроценливо богатство, како и стариот султанов дворец Топкапи Сарај. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
4 ден ИСТАНБУЛ - БОСФОР
Појадок. По појадокот, факултативно крстарење со брод по Босфор со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот Европа и Азија. Вечерта факултативно вечера во национален ресторан со музичка програма и ориентални танци. Ноќевање.
5 ден ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Тргнување за Скопје околу пладне. Се патува преку Р.Грција, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови следниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.300,00 МКД
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
-автобуски превоз на наведената релација
-сместување во хотел со 3* на база на 3 Н/П
- разглед на Истанбул со локален водич
-организација на аранжманот и пратител на групата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
-факултативно крстарење по Босфор (15 €)
-Долма Бахче Сарај и Топкапи сарај (30 €)
-влезница за Аја Софија (10 €)
-вечера во национален ресторан ( 30 € )
-патничко осигурување
-влезници за локалитетите
-други факултативни посети
НАПОМЕНИ:
Краен рок за пријавување: 14.05.2010
За резервација потребна е аконтација од 30% од вредноста на аранжманот.
За реализација на програмот,потребен е минимум од 40 патници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН и СКТМ