БАРСЕЛОНА
4 Дена / 3 ноќевања / Авион
02.04 - 05.04.2010
02 Април (Петок) СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Барселона во 06.00 часот. Пристигнување во Барселона во 09.00 часот. Панорамски разглед на Барцелона: Плоштадот Каталонија, авенијата Рамбла, Пристаништето Де ла Паз, Олимпиското пристаниште, Катедралата Саграда Фамилија, Авенијата Дијагонал, Нова Барцелона, Шпанскиот плоштад, брдото Мон Жуик, Олимпискиот прстен со стадионот, Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија... Посета на едно од најзначајните дела на Гауди, паркот Гуељ, кој со својата едноставнот и убавина заслужи да биде дел од светската културна градина под заштита на УНЕСКО. Трансфер до хотел. Сместување.Факултатива посета на ФЛАМЕНКО, со заводливиот ритам на шпанска музика и сангрија . Ноќевање.
03 Април (Сабота) БАРСЕЛОНА - ЏИРОНА - ФИГУЕРАС
Појадок. Целодневен факултативен излет за Џирона и Фигуерас. Панорамско разгледување на областа Коста Брава со патување кон Џирона, град кој се наоѓа на северо-исток, во близина на границата со Франција. Посебен шарм добива од зидините настанати како систем на одбрана во римскиот период, со прекрасен поглед на градот и околината. Патувањето продолжува кон Фигуерас со посета на ексцентричниот Театар - музејот на Салвадор Дали. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата, која е компилација на уметничките дела од разни периоди, ја поставил самиот маестро. Враќање во Барцелона во вечерните часови.Посета на магичната Фонтана во вечерните часови . Ноќевање.
04 Април (Недела) БАРСЕЛОНА - МОНСЕРАТ
Појадок. Полудневен факултативен излет до светата каталонска планина Монсерат и обиколка на манастирот Санта Мариа де Монсерат. Во склоп на манастирот се наоѓа музејот со многу значајна колекција поделана на археолошка збирка и пинакотека, со дела настанати во периодот од 16 до 19 век. Меѓу најзначајните се: Св. Херонимо на Караваџо, слики од Ел Греко, Дали, Пикасо, како и каталонски импресионисти. Враќање во Барселона во попладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Факултативна посета на фудбалскоит натпревар Барселона- Атлетико Болбао. Ноќевање.
05 Април (Понеделник) БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот со попатен панорамски разглед на Коста Брава. Полетување за Скопје во 20:00. Пристигнување во Скопје во 23:00 часот.
*BB-нокевање со појадок
Цената вклучува:
-Авионски превоз Скопје - Барцелона - Скопје
-Трансфер аеродром -хотел- аеродром
-3 ноќевања со појадок во избраниот хотел
-Организиран разглед на Барселона
-Професионална организација и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
-Аеродромски такси 6.000,00 денари
-Шпанска влезна виза ( доколку е потребно)
- патничко осигурување 190,00 денари
-Влезници во локалитетите и карти за локален превоз (метро)
-Факултативни излети:
- Џирона и Фигуерас 40 еур
-Монсерат, 35 еур
-Фламинго 45 еур
- Влезниците за натпреварот помеѓу Ф.К.Барселона и Атлетик Билбао: 72€ за "general" трибина; 97€ за "gol" трибина;141€ за "lateral" трибина и 158€ за "tribuna" трибина.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.МАГЕЛАН и СКТМ