М А Д Р И Д
5 дена / 4 ноќи
1 ден / 02 април Скопје - Будимпешта - Мадрид
Состанок на групата во 13.00часот на аеродром Александар Велики. Полетување во
15.05ч. со лет (МА 441) преку Будимпешта до Мадрид. Слетување во 22.20ч.
Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
2 ден / 03 април М а д р и д
Појадок. Панорамски разглед на градот со професионален локален водич-Шпанскиот
плоштад, споменикот на Мигел Сервантес, Гран Виа, Кале Мајор, Пуерта дел Сол,
плоштадот Цибелија, Кралската палата.... Истиот ден е предвиден за организирана посета со водич
на Прадо - најпознатиот шпански народен музеј на уметноста со најдобрите дела на Ел
Греко, Гоја, Веласкез (факултативно). Слободне попладне. Ноќевање.
3 ден / 04 април Мадрид - Ел Ескориал - Вале де ла Каидос
Појадок. Полудневен излет на кралското место и манастирот Св. Лоренц - осмото
светско чудо во местото Ел Ескориал, кое денес функционира како манастир, музеј,
кралска гробница и училиште (факултативно). На патот кон Мадрид посета на
Долината на паднатите и кратка посета на катедралата Санта Круз, вградена во
голема пештера во која се наоѓа гробот на Франко. Слободно попладне и можност за
организирана посета на Kралската Палата со локален водич(факултативно). Ноќевање.
4 ден / 05 април Мадрид - Толедо
Појадок. Веднаш по појадокот посета на Толедо - патување низ срцето на Кастиља до
поранешната престолнина на Шпанија, кој поради богатото културно наследство од
1986 се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Посета на катедралата (олтар,трезор...)
Враќање во Мадрид и слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта посета на национален ресторан со Фламенко (факултативно). Ноќевање.
5 ден / 06 април Мадрид- Будимпешта - Скопје
Појадок. Трансфер од хотелот до аеродром во 06.00 часот. Летот МА 583 за
Будимпешта е во 08.30ч. Полетување од Будимпешта за Скопје е во 13.20 часот.
Пристигнување во Скопје во 14.35часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 30.300,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- v Авионски превоз Скопје - Будимпешта - Скопје
- v Сместување во хотел ASTURIAS **+ на база 4 ноќевања со појадок
- v Трансфер аеродром - хотел - аеродром
- v Панорамски разглед на градот со локален водич
- v Пратител на групата
- v Организација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено :
- v Аеродромски такси - 2.970,00мкд
- v факултативен излет Ел Ескориал - Вле де ла Каидос - 50 еур / 3.090,00мкд
- v Факултативен излет за Толедо - 50 еур / 3.090,00 мкд
- v Факултативнa посета на Прадо
- v Факултативна посета на Кралска Палата
- v Патничко осигурување
- v Шпанска виза групна - 900,00 мкд за патници со стари пасоши
НАПОМЕНА:За резервација потребно е уплата од 30%
- v За реализација на програмата потребен е минимум 20 патници
- v За патувањето важат Општите услови за патување на Т.А.Магелан Травел Сервис и СКТМ
ASTURIAS HOTEL** - МАДРИД
Престојувањето во овој хотел е вистинско задоволство не само заради неговата
исклучителна локација, во срцето на Мадрид, 200м од Puerta del Sol, туку и затоа
што можете да стигнете со шетање низ повеќето трговски и културни знаменитости.
СОБИ: Стандардните соби имаат двоен лежај или два одвоени кревети со сопствена
бања, телевизор и централно греење, телефон
Содржина на хотелот:кафуле, ресторан, ТВ лоби, 175 соби
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ШПАНИЈА:
Главен град: Мадрид
Површина: 504.782км2
Население: 45.200,737
Валута : Евро
Јазик : шпански
Временска зона: исто како во Македонија
Позивен број: 00 34
Превоз во градот: мрежата на јавниот превоз е одлична.Картата за едно возење
со било која автобуска или метро станица е 1 евро, но многу повеќе исплатливо е да
се купи карта Metro-Bus за десет возења по цена од 7.40 евра.
Шопинг: продавниците се отворени од 10.00 - 21.00 .За туристите кои се надвор од
Европска заедница може да го добијат назад ДДВ за купената стока во вредност над
95 евра во сите продавници обележани со знакот "Global Refund Tax Free Shopping"
и да се побараат Tax Free Cheques.