РИМ
4 дена / 3 ноќевања / Авион
01 Април (Четврток) СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во _:_ часот. Полетување за Рим во _:_ часот. Пристигнување во Рим во _:_ часот. Трансфер до хотел. Сместување. Панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, плоштадот Венеција, Колосеумот, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, црквата Св. Петар во окови, каде се наоѓа статуата Мојсие - познатото дело на Микеланџело , Плоштадот Навона со прекрасните фонтани... Трансфер до хотел. Ноќевање.
02 Април ( Петок) РИМ - ВАТИКАН
Појадок. Можност за факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи, Сикстинската капела, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона. Слободно попладне. Ноќевање.
•03 Април ( Сабота) РИМ -ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи и прекрасната Вила Д'Есте со нејзините илјада фонтани. Враќање во Рим. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки. Можност за прошетка низ Рим (со метро) и посета на црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил, катедралната црква посветена на Св. Павле, паркот и Вилата Боргезе... Вечерта, факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.
04 Април ( Недела) РИМ - СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје _:_ часот.
Пристигнување во Скопје _:_ часот.
Цена на аранжманот: 24.700,00 денари
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз: Скопје-Рим-Скопје
- Трансфери во Рим, аеродром-хотел-аеродром
- Сместување во хотел 3*** на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разгледи на Рим со водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромските такси во Скопје и Рим 3.100,00мкд
- Италијанска влезна виза и осигурување (3050 мкд)
- Факултативни излети, влезници и карти за локален превоз (метро)
Посета на Ватикан со локален водич и влезница (3.090 мкд)
Посета на Тиволи со локален водич и влезница (2.780 мкд)
- Факултативна вечера во ресторан
НАПОМЕНИ:
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Магелан Травел Сервис и СКТМ