БУДИМПЕШТА
термини на поаѓање: 20.05.2010
1 ден СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот кај Holiday Inn во 18:00ч. Поаѓање за Будимпешта во 18:30ч.Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.
2 ден БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта околу пладне. Панорамски разглед на градот солокален водич. Ќе се посетат: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи,Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата,Кралската Палата, црквата Св.Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта,факултативно, вечера во национален ресторан-Чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна.Ноќевање.
3 ден БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок .По појадокот предвидена е посета на живописното гратче Сент Андреа во близина на Будимпешта во кое се негува старата архитектура и народни ракотворби,богато со голем број винотеки,рибни ресторани,музеи,галерии и цркви. Враќање во хотел.Слободно попладне. Вечерта можност за присуство на свечена литургија во некоја од православните цркви во градот. Ноќевање.
4 ден БУДИМПЕШТА
Појадок. Слободен дно време за индивидуални активности или посета на некои знаменитости на градот: паркот Мементо-тематски парк со статуи од ерата на комунизмот,Тропикариумот,Зоолошката градина.... Вечерта,факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.
5 ден БУДИМПЕШТА
Слободно време за шопиг во некој од големите трговски центри во Будимпешта.Во попладневните часови поаѓање за Македонија.Се патува преку Србија со куси попатни паузи.Ноќно возење.
6 ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9.200,00 МКД
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- сместување во хотел со 3* на база на 3 Н/П (PLATANUS HOTEL 3***)
- разглед на Будимпешта и Сент Андреа
- организација на аранжманот и пратител на групата;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
-унгарска виза и патничко осигурување 2.500,00 мкд
- вечер на чарда 1.860,00 мкд
-факултативно крстарење по Дунав 930,00 мкд
-влезници за локалитетите
НАПОМЕНИ:
Краен рок за пријавување:
Резервација со аконтација од 30% од вкупната вредност
За реализација на програмот,потребен е минимум од 40 патници.За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН и СКТМ
Потребни документи за виза:
-важечки пасош своерачно потпишан оригинал и фотокопија;
-1 фотографија 4.5 Х 3.5 на бела позадина не постара од 6 месеци и да не е иста со сликата во пасош;
-копија од М1/М2 образец, потврда од работа на меморандум за редовен работен однос