БУДИМПЕШТА
8-ми МАРТ
05.03.201 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Holiday Inn во 17:00ч. Поаѓање за Будимпешта во 17:30ч. Ноќно возење со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.
06.03.2010 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Сместување во хотел. Панорамски разглед на градот со локален водич.Посета на: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата Св.Матејас, Рибарската тврдина...Слободно време заодмор.
Вечерта факултативно вечера во национален ресторан-чарда. Ноќевање.
07.03.2010 БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Посета на Сент Андреа-живописно градче во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби со голем број винотеки рибни ресторани, музеи галерии и цркви. Вечерта-факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав. Ноќевање.
08.03.2010 БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот слободно време до поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.300,00 МКД
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
-автобуски превоз на наведената релација
-сместување во хотел со 3* на база на 2 Н/П
- разглед на Будимпешта и Сент Андреа со професионален локален водич;
-организација на аранжманот и пратител на групата;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
-унгарска влезна виза и патничко осигурување 2.500,00 мкд
- вечер на чарда ( 25 € )
-факултативно крстарење по Дунав ( 15 € )
-влезници за локалитетите;
НАПОМЕНИ:
За резервација потребна е уплата од 30% од вредноста на аранжманот.
За реализација на програмот,потребен е минимум од 40 патници.За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА МАГЕЛАН и СКТМ.