РИМ-ВЕНЕЦИЈА
Термини: 01.04.2010 / 20.05.2010
1 ден СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ-РИМ
Состанок на групата во 13.30ч. Поаѓање во 14:00 ч. Патувањето е преку Албанија-Драч. Пристигнување во Драч. Слободно време до поаѓање за Бари со брод во 22.00 ч.
Ноќно возење со брод.
2 ден БАРИ - РИМ
Во утринските часови пристигнување во Бари. Краток одмор. Продолжување на патувањето за Рим. Разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката,Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот... Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден РИМ -ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Слободно попладне за индивидуални активности или факултативна посета на паркот Тиволи и прекрасната Вила Д'Есте со нејзините илјада фонтани. Враќање во Рим. Слободно попладне. Ноќевање.
4 ден РИМ - ФИРЕНЦА
Појадок. Поаѓање за Фиренца. Пристигнување во Фиренца во пладневните часови и разглед на градот: Плоштадот Сињори, Крстилницата Сан Џовани, Мостот Делвекио Палатата,Базиликата Дуомо... Слободно време до поаѓање за Лидо Ди Јесоло во попладневните часови. Пристигнување во Лидо Ди Јесоло во доцните вечерни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање за Венеција со брод. Пристигнување и разглед на градото со локален водич: Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Во попладневните часови поаѓање за македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.
6 ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 15.900,00 МКД
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
-Сместување во хотел во Рим 3* на база 2 Н/П во Рим, 1 Н/П во Лидо Ди Јесоло
-Разглед на Рим,Фиренца и Венеција
-Пратител на групата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Италијанска Шенген виза и патничко осигурување 3.080,00 мкд
-Задолжително патничко осигурување 300,00 мкд
-Факултативна посета на Ватикан ( 35евра)
- факултативна посета на Тиволи (30евра)
-Брод Лидо Ди Јесоло-Венеција 8 €
-Влезници за локалитетите
НАПОМЕНА:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
-Краен рок за пријавување со 30% аконтација.
Важат општите услови за патување на Т.А.Магелан и СКТМ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИТАЛИЈАНСКА ВИЗА:
- - Пасош со важност од мин. 3 месеци и фотокопија од првите две страни;
- - Две колор слики со бела позадина не постари од 6 месеци;
- - М1/М2 образец,работна книшка и фотокопија од истите;
- - Потврда од работа на меморандум со следниве податоци:
а/ лицето да е во редовен работен однос;
б/ на кое работно место работи;
в/ висина на личен доход;
г/ период во кој лицето ке одсуствува од работа
- - Вработени во приватна фирма: документ за регистрација на фермата, и фотокопија од истите ( биланси, фактури, даночни плаќања, приходи...)
- - Здравствена легитимација и фотокопија од истата;
- - Плав картон;
- - Кредитна картичка и фотокопија со извештај со колку средства располага (минимум 50 евра дневно)
- - Фотокопија од предходна шенген виза
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИТАЛИЈАНСКА ВИЗА ЗА СТУДЕНТИ:
- - Пасош со важност мин. 3 месеци и фотокопија од првите две страници;
- - Две колор слики со бела позадина не постара од 6 месеци;
- - Потврда од факултет со заверен семестар;
- - Индекс и фотокопија од индексот;
- - Плав картон;
- - Документи за редовен работен однос на родителите, а вработени во приватна фирма-документи од истата (регистрација на фирма).